Македонската женска кадетска репрезентација со убедлива победа против Грузија со резултат од 45:13 се пласираше во четвртфиналето на Светското училишно првенство во ракомет кое се одржува во Скопје
Во полната сала “Крсте Мисирков” аде имаше одлична атмосфера нашите девојчиња брзо се одвоија со разлика завршувајќи го првото полувреме со убедливи 22:9.
Во репрезенатацијата на Македонија, Рона Мифтари беше најјефикасна со осум погодоци, а по пет постигнаа Мила Ристовски и Тара Аврамовска.
Утре, нашите кадетки ќе играат против Словачка за првото место во групата, мечот е закажан со почеток во 10:30 часот.
Истовремено, против истата репрезентација на Грузија, Македонија забележа убедлива победа и во машка конкуренција.
Избраниците на Горан Кузманоски доминираа во текот на целиот натпревар и на крајот славеа заслужена победа со резултат 46:13