Ракети над Заливот: расте ризик од поширок конфликт

Најновиот инцидент дополнително ја зголеми загриженоста за безбедноста на Ормускиот теснец, низ кој минува значаен дел од светската нафта и кој со години претставува едно од најчувствителните жаришта во односите меѓу Вашингтон и Техеран.

Тензиите меѓу САД и Иран дополнително ескалираа по нов бран ракетни и напади со дронови во регионот на Персискиот Залив, вклучувајќи ги Кувајт, Бахреин и стратешки важниот Ормуски теснец. Американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека ирански дронови биле насочени кон Ормускиот теснец, додека седум балистички ракети биле испукани кон цели во Кувајт и Бахреин.

Според CENTCOM, американските сили пресретнале шест ракети, додека една ја промашила целта.

По нападите, САД извршиле воздушни удари врз ирански радарски позиции на брегот во Горук и на островот Кешм, кој има големо стратешко значење бидејќи го контролира пристапот кон Ормускиот теснец.

Иранска верзија на настаните

Иранската Револуционерна гарда (IRGC) тврди дека четири нафтени танкери, наводно под американска воена заштита, се обиделе да го напуштат Ормускиот теснец без дозвола, и покрај предупредувањата од иранската морнарица.

Според Техеран, еден брод бил задржан, додека останатите се повлекле, по што американски дронови нападнале телекомуникациски објекти на островот Кешм и во Сиирик.

Ескалација на одмазднички удари

IRGC потоа, според нивни тврдења, испукала балистички ракети кон воздухопловната база „Али Ал Салем“ во Кувајт и објекти поврзани со американската Пета флота во Бахреин.Американската страна ги отфрли тврдењата дека седиштето на Петтата флота било погодено и соопшти дека нема повредени меѓу американскиот персонал.

Генералштабот на Кувајт потврди дека системите за противвоздушна одбрана реагирале на „непријателски ракетни и дрон напади“, додавајќи дека експлозиите што се слушале се резултат на пресретнување на проектилите.

Најновиот инцидент дополнително ја зголеми загриженоста за безбедноста на Ормускиот теснец, низ кој минува значаен дел од светската нафта и кој со години претставува едно од најчувствителните жаришта во односите меѓу Вашингтон и Техеран.

е-Трн да боцка во твојот инбокс