Рајан Гослинг официјално се приклучува на филмскиот универзум на Марвел (MCU) во 2028 година како Гоуст Рајдер. Претседателот на студиото Кевин Фајги ја објави веста за време на панелот на Comic-Con во Сан Диего, по што Гослинг лично се појави на сцената. Актерот откри дека долго време ја посакувал оваа улога и дека проектот ќе го режира Шон Ливи, со кого веќе соработувал.
По најавата, филмскиот критичар Џош Хоровиц, кој претходно го водеше панелот, директно го праша Фајги кога публиката ќе го види Гослинг во улогата. Најавата беше проследена со визуелни ефекти, затемнување на салата, бас музика и црвено лого „Ghost Rider“ на екранот, пред Гослинг лично да се појави на бината.
Ghost Rider enters the MCU 🔥
— Marvel Studios (@MarvelStudios) July 26, 2026
Ryan Gosling will star in Marvel Studios' Ghost Rider, directed by Shawn Levy. #SDCC pic.twitter.com/MR2HJww2Wg
„Дали ова навистина се случува?“, праша Гослинг на сцената пред воодушевената публика. Актерот, добитник на Златен глобус, изјави дека долго време сакал да го игра Гоуст Рајдер и дека единствен избор за режисер на филмот според него е Шон Ливи.
Ливи, кој потоа му се придружи на Гослинг на сцената, потврди дека двајцата разговарале за проектот и развивале идеи за ликот уште за време на снимањето на нивниот претстоен филм „Војна на ѕвездите: Starfighter“ минатата година.
It’s official Ryan Gossling is Ghost Rider in the MCU in 2028 pic.twitter.com/uvYxm0hywp
— Nick Hamilton (@NickHamilton213) July 26, 2026
Гоуст Рајдер првпат се појавува во стриповите на Марвел во 1967 година како алтер-его на Картер Слејд. Сепак, ликот стекнува вистинска популарност во 1972 година преку приказната за Џони Блејз во стрипот Marvel Spotlight. Според приказната, Блејз склучува пакт со Сатаната за да спаси сакана личност, претворајќи се ноќе во демон со запален череп кој вози мотор.
Пред Гослинг, најпознатата филмска адапција на ликот ја толкуваше Николас Кејџ. Кејџ го играше Џони Блејз во филмот од 2007 година, каде партнерка му беше Ева Мендес и ја репризираше улогата во продолжението од 2011 година.