Радио станица по грешка објави дека кралот Чарлс починал, па ја пушти британската химна

Инцидентот се случил во вторникот попладне поради компјутерска грешка во главното студио на радиото во Есекс. Од станицата објаснија дека случајно бил активиран специјалниот протокол што британските радија го чуваат подготвен во случај на смрт на монархот.

Британската радио станица предизвика вистински шок кај слушателите откако по грешка објави дека британскиот крал починал, а веднаш потоа ја емитувала и химната „God Save the King“.

Инцидентот се случил во вторникот попладне поради компјутерска грешка во главното студио на радиото во Есекс. Од станицата објаснија дека случајно бил активиран специјалниот протокол што британските радија го чуваат подготвен во случај на смрт на монархот.

Водителот на радиото, Питер Мур, јавно се извини преку Фејсбук, наведувајќи дека програмата автоматски била прекината, по што биле принудени повторно да се вклучат во етер и да објават извинување.

„Му се извинуваме на Неговото Величество кралот и на нашите слушатели за вознемиреноста што можела да ја предизвика оваа грешка“, соопшти Мур.

Во моментот на инцидентот, кралот Чарлс и кралицата биле во посета на, каде присуствувале на културни настани и дегустирале ирско виски во Белфаст. Инаку, Radio Caroline е легендарна британска радио станица основана во 1964 година како пиратско радио кое емитувало програма од бродови покрај англискиот брег. Нејзината приказна подоцна инспирираше и филмска адаптација

е-Трн да боцка во твојот инбокс