Советот на Општина Струга донесе одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти за време на културни, туристички и други јавни манифестации. Наместо до еден часот по полноќ, угостителите ќе можат да работат до два часот на повеќе датуми во летото и есента, а на 1, 2 и 3 август работното време им е продолжено до три часот по полноќ.
Угостителските објекти во Струга досега смееше да работат до еден часот по полноќ за време на јавни манифестации. Со новата одлука на Советот, тоа работно време се продолжува за еден час, до два часот по полноќ, на неколку датуми во летото и есента. За претстојниот продолжен викенд, на 1, 2 и 3 август, продолжувањето е поголемо, објектите ќе можат да работат до три часот наутро.
Едночасовното продолжување на работното време важи на 26, 27 и 28 јули, 5, 6, 7, 9, 13, 14, 15, 26, 28 и 29 август, 8 и 28 септември, 11 и 23 октомври, 1, 8 и 22 ноември и 21 и 25 декември 2026 година, соопшти Општина Струга. Двочасовното продолжување, до три часот наутро, се однесува само на 1, 2 и 3 август.
Општина Струга наведува дека целта на одлуката е непречено одржување на планираните манифестации, поддршка на туристичката сезона и локалната економија, како и подобра организација на настаните што ја афирмираат Струга. Општинската прес-служба посочува дека продолжувањето на работното време е во согласност со законската регулатива и со интересот на граѓаните.