Првиот снег падна во Хрватска: Забелеа Горски Котар, на Јадранот дува силна бура

По дождливиот викенд и грмотевиците на југот од земјата, во планинските предели пристигна и првиот снег. Метеоролозите најавуваат нови врнежи, можни грмежи и дополнително заладување.

Првиот снег сезонава падна во Хрватска, на Завижан и во Горски Котар, јавува „Вечерњи лист“. Снегот почнал да паѓа рано утринава, додека во поголемиот дел од земјата во текот на викендот имало дожд, а на југот и грмотевици. Според прогнозата на Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска (ДХМЗ), се очекува нов бран врнежи од дожд, проследени со поројни врнежи и можни грмежи.

Во ридско-планинските предели се очекуваат лапавица и снег. Ќе дува умерен, а локално и засилен североисточен ветер. На Јадранот дува умерена до силна бура, која на одделни места достигнува и олујна јачина.

Следува дополнително заладување

Во понеделник, 2 ноември, времето повторно ќе биде тмурно и облачно. Температурите ќе продолжат да опаѓаат и во текот на следната недела. Утринските температури ќе се движат до 9 степени, додека дневните максимални ќе достигнат до 14 степени Целзиусови.


Новиот бран на студено време ќе донесе зимски услови во повисоките предели, каде што се очекува продолжување на снежните врнежи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс