Протест пред Уставен суд: Вработените во културата ги бранат платите

Од одлуката на Уставниот суд за Колективниот договор зависат правата на повеќе од две илјади вработени во 123 установи, предупредуваат од СКРМ.

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) ги повика вработените во културата денеска, 27 ноември, во 10 часот да излезат на протест пред Уставниот суд. Протестот е најавен додека Судот треба да одлучува за уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура.

„Културата има права! Правата не се укинуваат!“, порача СКРМ во повикот за протест. Од синдикатот велат дека од опстојувањето на договорот зависат платите и другите стекнати права на повеќе од две илјади вработени во 123 културни установи.


СКРМ бара Судот да го одложи одлучувањето и да закаже јавна расправа на која синдикатот, како потписник на договорот, ќе може да ги изложи своите аргументи. Седницата е закажана за 9:30 часот, половина час пред протестот. Уставниот суд соопшти дека предметот, во кој е оспорен и членот 78-љ од Законот за културата, е во фаза на гласање

е-Трн да боцка во твојот инбокс