Денеска во Скопје беше одржана на промоција на новото натпреварувачко возило на најуспешниот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе.
На Водно беше промовирано возилото со кое Иџе ќе настапува во претстојната натпреварувачка сезона.
Игор Стефановски Иџе со постигнатите врвни резултати и со својот професионализам со години ја промовира Македонија ширум Европа.
Новото ново натпреварувачко возило претставува значаен чекор во кариерата и е дел од подготовките за новите предизвици на европската сцена, каде што македонскиот шампион и оваа сезона ќе се бори за највисок пласман.
По освоените европски титули и бројните успеси на најпознатите ридски патеки, оваа сезона тој ќе настапува со прототип болид, најмоќната и најпрестижната класа во ридскиот автомобилизам.
Со овој историски чекор, Стефановски станува првиот македонски возач што ќе се натпреварува со прототип болид на официјални меѓународни натпреварувања, испишувајќи нова страница за македонскиот автомобилизам.