Прогнозите велат: Европа ја очекува „пеколно лето“

Новите прогнози за летото 2026 најавуваат повисоки температури во Европ со ризик од суши во дел од континентот.

Преминот кон летото 2026 носи сериозни промени во атмосферата и океаните, а најновите анализи покажуваат дека Ел Нињо се развива побрзо и посилно од очекуваното. Според прогнозите, постои можност овој климатски феномен да прерасне во таканаречен „Супер Ел Нињо“ до втората половина од годината.

Овој процес е поттикнат од силен океански Келвинов бран, кој ги засилува топлите аномалии и го заменува влијанието на Ла Ниња. Како резултат, се менуваат глобалните атмосферски струења и временските обрасци низ целиот свет.

Според моделите на Европскиот центар за среднорочни временски прогнози (ECMWF), Европа ова лето ќе се соочи со температури над просекот, особено во централниот, јужниот и северниот дел од континентот. Истовремено, се очекуваат повеќе врнежи во југоисточна Европа и на север, додека централните и западните делови би можеле да се соочат со недостиг од дожд и зголемен ризик од суши.

Слична прогноза дава и британската Метеоролошка служба (UK Met Office), која исто така укажува на потопло лето и нерамномерна распределба на врнежите.

Севкупно, прогнозите упатуваат дека влијанието на Ел Нињо ќе биде клучен фактор за временските услови во Европа ова лето, носејќи комбинација од високи температури, потенцијални суши и локални екстремни врнежи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни