Принцот Борис од Бугарија ја запроси колешката од специјализација во Мадрид

Бугарскиот принц Борис, син на покојниот принц Кардам и внук на последниот бугарски цар Симеон Втори, објави дека се сврши со својата девојка, лекарката Александра Араујо. Двојката се запознала за време на медицинската специјализација во Мадрид, каде што двајцата работеле заедно. Веста ја потврдија претставници на кралското семејство, наведувајќи дека сè уште не се откриваат детали за точниот датум на претстојната венчавка.

Принцот Борис и Александра Араујо се запознале за време на нивните специјалистички студии во главниот град на Шпанија. Нивната професионална соработка во болничкиот систем постепено се претворила во приватна врска, која трае околу две години пред одлуката за свршувачка.

Александра Араујо потекнува од семејство со медицинска традиција и ги завршила своите основни студии по медицина пред да замине на специјализација во Шпанија, каде што го запознала бугарскиот принц.

Борис е најстариот син на принцот Кардам, кој почина во 2015 година по неколкугодишни последици од тешка сообраќајна несреќа. Како најстар внук на Симеон Втори, тој ја носи титулата чувар на круната и претставник на династијата.

Иако Бугарија е Република и моноархијата не постои како државно уредување, членовите на семејството ги задржаа своите титули во општествениот живот и одржуваат блиски врски со европските кралски куќи.

Кралското семејство соопшти дека официјалните детали околу местото и датумот на свадбената церемонија ќе бидат објавени дополнително. Се очекува на настанот да присуствуваат претставници од повеќе европски благороднички семејства со кои бугарската династија е во роднински врски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс