Британското кралско семејство доби нов член: Принцезата Јуџини роди ќерка

Принцезата Јуџини и нејзиниот сопруг Џек Бруксбанк станаа родители на трето дете. Девојчето е нивната прва ќерка, а името сè уште не е објавено.

Британската принцеза Јуџини, внука на кралот Чарлс III, роди девојче во Лисабон, соопшти Бакингемската палата. Ова е третото дете на Јуџини и нејзиниот сопруг Џек Бруксбанк, а воедно и нивната прва ќерка.

Среќната вест ја потврди и самата принцеза, која на Инстаграм објави фотографија од новороденчето и напиша дека таа и нејзиниот сопруг се „неизмерно вљубени“ во својата ќерка. Името на девојчето засега не е откриено.

Двојката веќе има два сина – петгодишниот Август и тригодишниот Ернест. Новороденчето е 15-то во редот за наследување на британската круна, веднаш зад своите двајца постари браќа.

Јуџини е помладата ќерка на принцот Ендрју и Сара Фергусон, како и внука на кралот Чарлс III. Од Бакингемската палата соопштија дека кралот, кралицата и останатите членови на кралското семејство со голема радост ја примиле веста за новото принова.

е-Трн да боцка во твојот инбокс