Со поддршка од Министерството за култура, претставата ГЛУМиЦИ на 26 Мај ќе биде дел од фестивалот TESZT, во Темишвар, Романија, на 27 Мај изведена на фестивалот New Theatre International Festival, во Арад, Романија, додека пак на 29 Мај ќе биде одиграна во Битеф театарот во Белград, Србија.

Во рамки на ова патување ќе биде реализирана и изведба на претставата Да го поздравиш и да ми го бациш и тоа на 31 Мај, во алтернативниот културен простор Квака 22, во Белград.

Ова веројатно нема да биде и последно интернационало гостување на Артопија за оваа сезона, но подетални информации следуваат по враќањето од оваа мини-турнеја.
Во меѓувреме, како подготовка за ова патување, претставата ГЛУМиЦИ ќе игра на 22 Мај на сцената во МКЦ.
фото: Sonja Stavrova/S.Samandov