Полицијата врши претреси на повеќе локации во Штип и Скопје во рамки на истрага за злоупотреба на службената положба и неовластено навлегување во компјутерски систем. МВР за Скопје1 потврдило дека акцијата се однесува на Р.Т., раководител на информатичкиот сектор на УГД.
Претресите се спроведуваат по судска наредба обезбедена од Основното јавно обвинителство Штип.
Според неофицијалните сознанија на Скопје1, се истражуваат сомнежи за менување испитни бодови, бришење оценки и овозможување запишување семестри без исполнети услови. Порталот наведува и сомнежи дека за интервенциите бил наплаќан паричен надомест.
Овие детали не се потврдени во одговорот од МВР. Министерството засега не соопштува дали има приведени, што е одземено и колку локации се опфатени. Повеќе информации најавува по завршувањето на акцијата.
