Во пресрет на Светскиот ден на езерата, Македонското еколошко друштво, Општина Ресен и НП „Галичица“ на 26 август 2026 година организираат јавна манифестација на плоштадот „Цар Самоил“, каде ќе се потпише Декларација за формирање Прекугранична работна група за шуми. Целта на ова регионално поврзување е да се воспостави координирана контрола врз шумските ресурси, чија деградација директно го загрозува преспанскиот слив и водостојот на езерото.
Шумските површини околу Преспанското Езеро имаат клучна улога во задржувањето на влагата и спречувањето на ерозијата на почвата кон езерските води. Преку новата работна група, локалните власти и стручните тимови од регионот ќе соработуваат за превенција од пожари, спречување на нелегалната сеча и заеднички одговор на климатските притисоци.
Настанот вклучува саемски дел за локални производители на природна храна и натпревар во друштвената игра „Преспа“, со цел зајакнување на еколошката свест кај помладите. Вечерната програма завршува со настап на староградскиот состав „Персиди“ и бендот „Пуш Пауза“.
Проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа“ е финансиран од Европската Унија и кофинансиран преку Фондот за природа „Преспа – Охрид“ (ПОНТ).