Британскиот премиер Енди Барнам изјави дека забраната за пиење алкохол на трибините е застарена и дека треба да се разгледа нејзино укинување, можеби првично преку пилот-програма.
Правилото е воведено во 1985 година и забранува пиење алкохол на места од кои директно се гледа теренот на натпреварите во првите пет нивоа на машкиот англиски фудбал. Навивачите и сега можат да купат пиво на стадионите, но мора да го пијат подалеку од видикот кон теренот.
Барнам смета дека не е оправдано фудбалските навивачи да имаат поинаков третман од љубителите на други спортови, како рагби и крикет, каде што пиењето во текот на натпреварите генерално е дозволено.
Идејата веќе има поддршка од Фудбалската лига и здруженијата на навивачи. Во женскиот фудбал, пак, по успешен 18-месечен тест-период, навивачите од оваа сезона можат да пијат алкохол и додека го гледаат теренот.
Но, полицијата предупредува дека промената не треба да се носи без детална анализа и консултации, бидејќи алкохолот се поврзува со дел од инцидентите на насилство и нарушување на редот на фудбалските натпревари.