Повеќе населени места во општина Ѓорче Петров денеска ќе останат без вода поради уличен дефект на водоводната мрежа на улицата „Лука Геров“ бр. 38.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот во водоснабдувањето започнува од 8:30 часот, а ќе ги опфати корисниците од населбите Даме Груев, Ново Село, Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука, Орман и Никиштани.
Водоснабдувањето ќе биде во прекин до завршување на санацијата на дефектот.