Пред 32 години Бјорк го објави „Дебит”: Албумот кој продаде 600.000 примероци за три месеци

„Дебит” е препознаен како еден од првите албуми кој електронската музика ја воведе во мејнстрим попот. Нејзиното влијание денес е видливо кај Били Ајлиш, Гримс, FKA Twigs и Розалија. Во 2019 година, Бјорк и Грета Тунберг имале сеопфатна дискусија за климатскиот активизам на подкастот World Review. Во октомври 2024 година, новооткриен вид пеперутка бил именуван „Pterourus bjorkae” во нејзина чест.

На 5 јули 1993 година, Бјорк Гудмундсдотир, 27-годишна пејачка од Рејкјавик, го објавила меѓународниот дебитантски соло-албум „Debut”. Издавачката куќа One Little Indian проценила дека ќе продаде вкупно 40.000 примероци врз основа на фанбазата на нејзиниот поранешен бенд Шечерфрогс. Во рок од три месеци биле продадени над 600.000 примероци. Во Велика Британија, албумот поминал 79 недели на листата на продажба.

Кој е Бјорк и откаде доаѓа

Бјорк Гудмундсдотир е родена на 21 ноември 1965 година во Рејкјавик. Нејзината мајка Хилдур, активисточка, протестирала против индустрискиот развој уште кога Бјорк била дете. Таа ја снимила својата прва плоча на 11-годишна возраст, а со бендот Шечерфрогс постигнала меѓународна препознатливост во осумдесеттите.

По распаѓањето на Шечерфрогс во 1992 година, Бјорк се преселила во Лондон и почнала да го истражува андерграунд клупскиот свет на градот. Преку тогашниот партнер, диџејот Доминик Трап,го запознала продуцентот Нели Хупер, кој претходно работел со Soul II Soul и Шинед О’Конор. Двајцата заедно го снимале „Дебит” до почетокот на 1993 година.

Рок, хаус, џез, трип-хоп ..

„Дебит” тргнал во сосема различна насока од рок-звукот на Шечерфрогс. Комбинирал електронски поп, хаус музика, џез и трип-хоп. Во Велика Британија, критичарите го пречекале со едногласна пофалба, восхитени од оригиналноста, експерименталноста и самодовербата на Бјорк. Американската критика реагирала поделено.

Петте синглови од „Дебит” — „Human Behaviour”, „Venus as a Boy”, „Play Dead”, „Big Time Sensuality” и „Violently Happy” — биле константни на MTV. За видеото на „Human Behaviour” Бјорк го контактирала францускиот режисер Мишел Гондри, откако видела видео кое го снимил за сопствениот бенд. Гондри подоцна стана еден од најбараните режисери на музички видеа на светот.

Десет студиски албуми, ниту два исти

Во текот на четиридецениската кариера, Бјорк развила еклектичен музички стил кој опфаќа електроника, поп, денс, трип-хоп, џез и авангардна музика. По „Дебит” следувале „Post” (1995), „Homogenic” (1997), „Vespertine” (2001) и уште шест студиски албуми, секој во сосема различна естетска насока. Во 2000 година glumela во филмот „Dancer in the Dark” на Ларс фон Трир, за кој добила награда за најдобра глумица на фестивалот во Кан.

Во 2004 година, синглот „Oceania” бил нарачан од Меѓународниот олимписки комитет и го отворил церемонијалот на Летните олимписки игри во Атина.

Активизмот: не само симбол, туку тужби и кампањи

Бјорк последните две години ги посветила на борбата против комерцијалните лососови фарми во Исланд. Откако дупка во мрежата на една фарма пуштила илјадници лосос во природата, се појавила загриженост дека рибите може да се размножат со автохтоните видови или да пренесат болести. За да го привлече вниманието на светот, извадила необјавена песна од архивата и ангажирала Розалија да сними вокали. Приходите од песната „Oral” одат за финансирање тужби против комерцијалните рибарници.

Во декември 2025 година, Бјорк преку социјалните мрежи го повикала исландскиот јавен радиодифузен сервис РУВ да се повлече од Евросонг 2026. На 10 декември, РУВ одлучил дека Исланд ќе се повлече од натпреварот.

„Јас сум стар панк, затоа никогаш не примам пари од никого”, изјавила таа. „Наместо да правам 10 работи, се обидувам да правам една работа правилно и да ја следам до самиот крај а не само да бидам лице на некоја кампања, да се покажам на коктел-забава и да си одам без да знам што ќе се случи.”

Зошто е важна денес?

„Дебит” е препознаен како еден од првите албуми кој електронската музика ја воведе во мејнстрим попот. Нејзиното влијание денес е видливо кај Били Ајлиш, Гримс, FKA Twigs и Розалија. Во 2019 година, Бјорк и Грета Тунберг имале сеопфатна дискусија за климатскиот активизам на подкастот World Review.

Во октомври 2024 година, новооткриен вид пеперутка бил именуван „Pterourus bjorkae” во нејзина чест.

е-Трн да боцка во твојот инбокс