Прашањето што ја руши атмосферата во кревет

И кога сè оди добро, едно наизглед невино прашање може да ја прекине хемијата – не затоа што е погрешно, туку затоа што го менува фокусот од чувство кон очекување.

Понекогаш доволно е само едно прашање за да се смени динамиката. Во момент кога сè изгледа природно и опуштено, прашањето „Дали си блиску?“ може ненаметливо да ја наруши атмосферата.

Истражување на OMGYES, спроведено на околу 20.000 жени, покажува дека токму ова прашање често создава спротивен ефект од очекуваниот. Наместо да ја продлабочи поврзаноста, внесува свесност за „перформанс“, при што вниманието се префрла од уживањето кон резултатот.

Сексуалните терапевти објаснуваар дека возбудата кај жените најчесто не функционира како прекинувач, туку како процес што постепено се гради. Во таков момент, прашање што сугерира дека „нешто треба да заврши“ може да создаде притисок и да го наруши природниот тек.

Многумина го поставуваат ова прашање со добра намера – како обид да бидат внимателни или подобри партнери. Но ефектот често е спротивен: се губи спонтаноста, се создава тензија, а другата страна може да почувствува потреба да „заврши“ само за да го намали притисокот.

Терапевтите укажуваат дека претераната фокусираност на крајниот исход е една од најчестите грешки. Кога вниманието е насочено само кон резултатот, лесно се губи она што всушност го создава искуството – моментот, ритамот и поврзаноста.

Заклучокот е едноставен: комуникацијата е важна, но начинот на кој се поставуваат прашањата прави разлика. Наместо да се бара потврда, понекогаш е доволно само да се остане во моментот и да се дозволи работите да се одвиваат природно.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни