Со победите на Аргентина над Зеленортски Острови (3:2) и на Колумбија над Гана (1:0), комплетирана е фазата на шеснаесетинафиналето на Светското првенство 2026. Во осминафиналето ќе настапат седум европски репрезентации, четири јужноамерикански, три северноамерикански, кои воедно се и домаќини на турнирот – како и две африкански селекции.
Осминафинални двојки:
- Канада – Мароко (4 јули, 19:00)
- Парагвај – Франција (4 јули, 23:00)
- Бразил – Норвешка (5 јули, 22:00)
- Мексико – Англија (6 јули, 02:00)
- Португалија – Шпанија (6 јули, 21:00)
- Соединети Американски Држави – Белгија (7 јули, 02:00)
- Аргентина – Египет (7 јули, 18:00)
- Швајцарија – Колумбија (7 јули, 22:00)
Осминафиналната програма започнува вечерва со дуелот меѓу домаќинот Канада и Мароко, а четири часа подоцна следува пресметката меѓу Парагвај и Франција. Во недела ќе играат Бразил и Норвешка, а во ноќта кон понеделник Мексико ќе се соочи со Англија. Натпреварот првично беше разгледуван за промена на терминот, но ќе се одигра според првично утврдениот распоред.
Еден од најочекуваните натпревари во оваа фаза е европското дерби меѓу Португалија и Шпанија, кое ќе се одигра во понеделник од 21 часот. Истата вечер ќе се сретнат и САД и Белгија. Осминафиналната рунда ќе биде затворена во вторник со дуелите Аргентина – Египет и Швајцарија – Колумбија.