Пожарот што избувна вчера во Ново Село бил намерно подметнат од лица кои фрлале запалив отпад во близина на депонијата, потврдија од надлежните служби. Сторителите се веќе идентификувани и евидентирани, а СВР Струмица води соодветна постапка. Огнот брзо се прошири кон ниската вегетација и шумскиот појас поради високите температури и силниот ветер.
Огнот избувнал околу 13:30 часот на просторот кај депонијата во Ново Село. Проширувањето кон околните ридови, ниската вегетација и дел од шумскиот појас било дополнително олеснето од високите температури, силниот ветер и големото количество наталожен отпад.
Во гаснењето учествуваа три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, екипи на ТППЕ Струмица, доброволци од ДПД „РИС-ОПЕРАТИВЦИ“, вработени во ЈКП „Комуна“ и општината, како и приватна компанија која носеше земја за затрпување на теренот. Три противпожарни возила со осум пожарникари дежураа во текот на ноќта. Од противпожарната единица апелираат до граѓаните да не се приближуваат до опожареното подрачје.