Италијанската крајбрежна стража евакуираше по морски пат над 400 туристи и капачи поради пожар во општината Пескичи, во регионот Апулија на југот на Италија. Соопштението беше објавено на канал на WhatsApp во недела попладне. Портпаролот на стражата изјави за АФП дека се очекува евакуација на уште околу 300 луѓе. Операциите сè уште траат.
„Досега се евакуирани морски пат над 400 туристи и капачи, преку единствениот можен пат за евакуација”, соопшти крајбрежната стража на својот канал на WhatsApp во недела попладне. Портпаролот на стражата дополнително изјави за АФП дека се очекува евакуација на уште околу 300 луѓе.
Во операцијата учествуваат шест пловила на крајбрежната стража и три пловила на царинската стража. Вклучени се и десетина приватни бродови, кои вообичаено превезуваат патници, а сега даваат поддршка на спасувачката акција.
Фотографии од терен покажуваат противпожарни возила и канадер како гаснат пожар кој моментално не е закана на домовите. Облак чад сепак се гледа од оддалеченост од неколку десетици километри.
„Го чекаме доаѓањето на канадерот од Рим. Ситуацијата моментално е под контрола”, изјави градоначалникот на Пескичи, Луиџи д’Аренцо.