Пекол кај Анталија: Огромен пожар се шири, хеликоптери и авиони во борба со огнот

Голем шумски пожар избувна кај Анталија. Десетици екипи, авиони и хеликоптери се борат со огнот, ветерот ја влошува ситуацијата.

Голем шумски пожар избувна во близина на Анталија, во Турција, а противпожарните служби водат интензивна битка за да го стават под контрола.

Пожарот зафатил шумска област кај населбата Узумлу, а причините засега не се познати. Веднаш по пријавата, на терен биле испратени екипи на Регионалната дирекција за шумарство и противпожарните служби.

Во гаснењето учествуваат шест хеликоптери, три авиони, 14 противпожарни возила, пет цистерни за вода, две интервентни возила и повеќе од 130 шумски работници.

Пожарникарите дејствуваат и од воздух и од земја, но силниот ветер го отежнува гаснењето и придонесува за ширење на огнената стихија.

Во меѓувреме, големи шумски пожари продолжуваат да беснеат и во други делови од Европа. Во Шпанија, пожарите во регионите Авила, Мадрид и Толедо принудија околу 90.000 луѓе да бидат евакуирани или да останат изолирани.

Пожарот во Авила веќе се смета за еден од најголемите во поновата историја на земјата, со околу 50.000 изгорени хектари.

Пожари се активни и во Италија и Франција, а нивното локализирање е дополнително отежнато поради силните налети на ветер.

И покрај мало подобрување за време на викендот, надлежните предупредуваат дека ситуацијата останува сериозна и дека огнените стихии сè уште не се ставени под контрола.

е-Трн да боцка во твојот инбокс