Потрошувачката кошничка во јули изнесува 63.498 денари

Според податоците од ССМ таа изнесува изнесува 68.498 денари и во споредба со јуни, кошницата е намалена за 156 денари

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ја објави вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јули 2026 година.

Според податоците од ССМ таа изнесува изнесува 68.498 денари и во споредба со јуни, кошницата е намалена за 156 денари, но четиричлено семејство и натаму има потреба од значителни средства за покривање на основните месечни расходи.

Доколку во пресметката се вклучи и изнајмен стан од 60 квадратни метри, потребниот месечен износ се зголемува на 83.873 денари.

Најголем дел од семејниот буџет повторно одвојува за храна и пијалаци. За оваа ставка во јули се потребни 25.012 денари, што претставува 36,5 проценти од вкупната синдикална кошница.

Имајќи ги предвид ваквите податоци, ССМ со месеци бара зголемување на минималната плата на 600 евра, како и раст од по 100 евра на сите останати плати.

е-Трн да боцка во твојот инбокс