„Поточиња“ со аудиција за нови членови: 14-16 септември во ООУ „Лазо Ангеловски“

Со Аудицијата започнува циклусот на подготовки за новото издание ПОТОЧИЊА 2027 кое треба да се одржи напролет догодина

Дојде време за уште една АУДИЦИЈА за прием на нови членови на детскиот фестивал Поточиња.

Сите деца на возраст од 5 до 12 години кои сакаат да бидат дел од новото издание ПОТОЧИЊА 2027 потребно е да земат учество на Аудицијата која ќе се одржи на 14, 15 и 16 септември во ООУ Лазо Ангеловски (Ново Лисиче) од 18:00 до 19:00 часот. 

„Подгответе една омилена песна која ќе ја отпеете и понесете широка насмевка за да се претставите во највесело светло.

Не е потребно претходно пријавување и најава, доволно е да дојдете во временскиот период во еден од наведените термини и да го покажете својот талент. Контакт за информации: info@potocinja.mk ; 072 210 660 или во DM/Inbox на официјалните профили на Поточиња на социјалните мрежи.

Со Аудицијата започнува циклусот на подготовки за новото издание ПОТОЧИЊА 2027 кое треба да се одржи напролет догодина“ велат ораганизаторите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс