Последен ден од групната фаза на СП: познати дел од паровите за нокаут-фазата

Во нокаут-фазата се пласираат првите две селекции од секоја група, како и осумте најдобри третопласирани тимови.

Светското фудбалско првенство влегува во последниот ден од групната фаза, а веќе се познати неколку учесници и двојки за шеснаестина финале. Додека некои репрезентации ја обезбедија нокаут-фазата, други ќе играат за последна шанса за пласман.

Во фокусот се натпреварите од групата Л, каде Хрватска ѝ е потребен само бод против Гана за сигурен пласман понатаму. Во истиот термин играат и Англија и Панама.

Јасни парови во нокаут-фазата

По досегашниот расплет веќе се познати девет двојки за шеснаестина финале:

Германија – Парагвај
Франција – Шведска
Јужноафриканска Република – Канада
Холандија – Мароко
САД – Босна и Херцеговина
Бразил – Јапонија
Брегот на Слоновата Коска – Норвешка
Аргентина – Зелено’ртски Острови
Австралија – Египет

Резултати и веќе пласирани селекции

Неколку репрезентации веќе се во нокаут-фазата, но сè уште го чекаат својот противник. Меѓу нив се Мексико, Белгија, Швајцарија, Еквадор, Шпанија, Португалија, Колумбија, Сенегал, Англија и Гана.

Селекторот на Зелено’ртски Острови, Педро Леао Брито „Бубиста“, изјави дека неговиот тим испишал историја со пласманот во нокаут-фазата. Тој истакна дека малата островска држава станала пример за сите помали земји во светот, покажувајќи дека со дисциплина и организација може да се стигне до голем успех.

Во шеснаесетина финале, Зелено’ртските Острови ќе се соочат со актуелниот светски првак Аргентина.

Бјелса ја презеде вината за Уругвај

Селекторот на Уругвај, Марсело Бјелса, по елиминацијата од турнирот изјави дека целата одговорност за неуспехот е негова. Тој посочи дека неговиот тим не успеал да ги искористи шансите и направил клучни грешки во одбраната, што го чинело пласман понатаму.

Хрватска може да ја заврши групната фаза како првопласирана, второпласирана или третопласирана селекција, зависно од последните резултати. Во нокаут-фазата се пласираат првите две селекции од секоја група, како и осумте најдобри третопласирани тимови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс