Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посета на швајцарскиот претседател

Во среда, 29 април, во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим поради официјалната посета на претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелен.

Во среда, 29 април, во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради официјалната посета на претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелен, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебно регулирање на сообраќајот во централното градско подрачје.

Надлежните апелираат до граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни