Поплави во Турција, десетици лица повредени

Реките во провинцијата Самсун синоќа се излеаја како последица на врнежите, а водата носела автомобили и поплавила куќи

Поројните дождови што зафатија делови од Турција близу Црното Море предизвикаа големи поплави во неколку населени места.

Според информациите на турските медиуми најмалку 12 лица се повредени а предизвикана е и материјална штета која допрва треба да се процени.

Реките во провинцијата Самсун синоќа се излеаја како последица на врнежите, а водата носела автомобили и поплавила куќи.

Ниту еден од повредените не е во животна опасност. Медицинските тимови на некои од повредените им укажаа помош на самото место.

Пожарникарите, припадниците на полицијата и службите за вонредни состојби се распоредени во загрозените подрачја со цел да им помогнат на жителите и да го исчистат теренот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс