Туристите ги менуваат навиките: Патувањето станува дел од одморот, Хрватска меѓу најпосетените попатни дестинации

Нов тренд во европскиот туризам покажува дека патниците го претвораат патувањето во дел од одморот, а меѓу најпопуларните попатни дестинации се и Плитвички Езера и Стон во Хрватска.

Сè повеќе туристи низ Европа го претвораат самото патување во дел од своето туристичко искуство, наместо само во трансфер до крајната дестинација. Меѓу најатрактивните попатни места годинава се најдоа и две локации во Хрватска.

Наместо долги и непрекинати патувања до популарните летувалишта, сè повеќе патници избираат да застанат во помали градови и природни знаменитости кои досега останувале надвор од главните туристички рути.

Според платформата Daytrip, која е специјализирана за меѓуградски автомобилски трансфери, овој тренд е особено изразен кај американските туристи што патуваат низ Европа. Податоците од летните резервации покажуваат дека патниците сè почесто сакаат да посетат историски градови, локалитети под заштита на УНЕСКО и природни атракции додека се движат кон својата конечна дестинација.

На листата на најпопуларни попатни места се најдоа Помпеја во Италија, Чешки Крумлов, Мостар, Братислава, Стоунхенџ, како и Националниот парк Плитвички Езера и Стон во Хрватска.

Највисоко рангирана е Помпеја, античкиот римски град кој е под заштита на УНЕСКО. Благодарение на близината до Неапол и Амалфискиот брег, таа претставува идеална станица за еднодневна посета. Поради високите летни температури, туристите се советуваат да понесат вода, заштита од сонце и удобни обувки, а посетата да ја планираат во утринските часови за да ги избегнат горештините и метежот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс