Search

Поетска вечер посветена на Шопов во Краков Послска

На 25 април во Краков, Р. Полска се одржа поетска вечер посветена на поезијата на Ацо Шопов и промоција на книгата Z najstarszego i najczystszego światła słonecznego од проф. д-р Маќеј Кавка. Маќеј Кавка е истакнат лингвист, научник, македонист и преведувач. Неговата последна книга, промовирана вчера, е двојазично издание на избор од поезијата на Шопов, преведена на полски јазик во издание на престижната издавачка куќа Универзитас.

Маќеј Кавка спаѓа меѓу оние полски лингвисти кои се занимаваат со македонистичка проблематика над три децении и оваа негова активност и понатаму продолжува. Тој е плоден автор на научни статии и книги, а меѓу позначајните се Macedonian Discourses. Text Linguistics and Pragmatics, 2016, Јагелоњски универзитет, Краков, Дискурсите за Македонија (Dyskursy o Macedonii 2013) во соавторство со Павел Планета и други.

Настанот беше организиран од м-р Елена Мицевска Змејкоска, лектор по македонски јазик на Јагелоњскиот универзитет во Краков, која држи предавања по македонски јазик на Јагелоњскиот универзитет и работи на промоцијата на македонскиот јазик, култура и литература.

На настанот учествуваа на далечина претставници од УКИМ, проф. д-р Кристина Николовска, директор на МСМЈЛК при УКИМ во СКопје и Проректорот за меѓународна соработка на УКИМ проф. Александар Скепаровски, Јасмина Шопова претставник на Фондацијата Ацо Шопов.

Настанот беше подржан од Амбасадата на Северна Македонија во Варшава, и гостите имаа чест да го запознаат Амбасадорот Јасмин Ќахил.

Поетската вечер беше одлична прилика да се соберат сите истражувачи, научници, студенти и други личности се интересираат на Македонија и нејзината кутура. Настанот помина во најдобра атмосфера и гостите беа видно задоволни од целокупната поетска вечер.

Најново

Последни колумни