Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА) и Министерството за локална самоуправа утре, 29 јули, официјално ќе го промовираат проектот „Месеци на практикантство“, чија цел е да им овозможи на студентите да стекнат практично работно искуство во општините низ државата.
Настанот ќе се одржи во 11:30 часот во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје.
Според најавата, во рамки на првиот циклус од проектот, до 60 студенти ќе започнат практикантска работа во различни општини. Иницијативата има за цел да ги поврзе младите со локалната самоуправа и да им овозможи стекнување практични знаења и вештини кои ќе им помогнат во нивниот професионален развој.
На официјалното отворање ќе се обратат:
- Иван Стоилковиќ, министер за локална самоуправа;
- Даниела Димовска, директорка на ИНОВА.
На настанот се очекува присуство на претставници на локалната самоуправа, градоначалници, студенти, професори, претприемачи и други партнери вклучени во проектот.
Со проектот „Месеци на практикантство“, институциите најавуваат нов чекор кон подобро поврзување на високото образование со практичните потреби на локалните заедници и пазарот на трудот.