Семејството на познатиот спрски актер, денес објави дека по кратка и тешка болест, во 63. година од животот почина Жарко Лаушевиќ.
Лаушевиќ е роден на 19. јануари 1960 година. Во неговиот богат творечки опус има голем број на филмови, серии, театарски улоги, но и неколку книги.
Популраноста во Југославија ја стекнува со улогата на криминалец во серијата „Сив дом“, како и со филмовите „Шмекер“ (1986), „Се случи на денешен ден“ (1987), „Браќа по мајка“ (1988), „Косовска битка“ (1989), „Кажи зошто ме остави“ (1993) и „подобро од бегство (!993).
За улогата во филмот „Офицер и ружа“ Лаужевиќ во 1987 година ја добива Златната арена за најдобар актер на Филмскиот фестивал во Пула, како и Стериината награда за водечката улога во претставата „Свети Сава“ (1990)