Од семејството истакнаа дека смртта била ненадејна и неочекувана, истакнувајќи дека неговиот лимфома, од која се излечи оваа година, не се вратила.
Роден во Северна Ирска, но пораснат во Нов Зеланд, Нил изгради кариера која траеше повеќе од пет децении глумејќи во холивудски блокбастери, независни филмови, но и тв-серии. Светска слава постигна глумејќи во „Паркот на Јура“ на Стивен Спилберг во 1993 година, улога која што ја репризираше повеќе пати. Тој исто така глумеше и во „Мртво спокојство”, „Лов на Црвениот октомври” и „Пијано”, како и телевизиските серии „Тјудорови” и „Пики Блајндерс”.
Во 2023 година, Нил соопшти дека му била дијагностицирана лимфома, но во периодот по тоа продолжи со глумењето и јавните настапи, а во април годинава објави дека е во ремисија.
Нил во својата кариера имаше повеќе од 150 телевизиски и фимлски улоги.