Почнува 23. Светско првенство во фудбал, што да очекуваме во следните 39 дена?

Овој најголем фудбалски настан во светот постави неколку преседани по кои многумна го сметаат за историско Светско првенство

Со мечот помеѓу Мексико и Јужна Африка вечерва во 21.00 часот по македонско време стартува 23тото издание на Светското првентство во фудбал.

Овој најголем фудбалски настан во светот постави неколку преседани по кои многумна го сметаат за историски.

Прво, затоа што учествуваат рекорден број на учесници, односно 48 репрезентации (на последните четири Мундијали тој број беше 32).

Тоа значи рекордни 104 мечеви од кои 72 ќе бидат во групната фаза, но и за првпат ќе се игра 1/16 финале.

Потоа, ова е прво Светско првенство кое се игра во три земји домаќини а тоа се Канада, САД и Мексико.

Понатаму, политичкиот однос на администрацијата на американскиот претседател Трамп предизвика за првпат да има случај кога на официјални лица (судии, тренери, новинари) да им биде забранет влез во држава домаќин на СП.

Како и да, ни следуваат 39 дена исполнети со натпревари, фудбалски убавини, но и случувања надвор од стадионите.

Многу желби и фаворити, но само еден трофеј

Само една од 48те репрезентации ќе го крене победничкиот пехар по финалето на 19 јули и ќе се впише во шампионскиот список.

За букмејкерите, најизразите фаворити за освојување на пехарот се репрезентациите на Шпанија и Франција. По нив следуваат Англија, Португалија, Бразил и Аргентина, додека фаворити од сенка се Германија и Холандија.

СП 2026 ќе биде рекордно шесто првенство за Лионел Меси и Кристијано Роналдо, па за милиони фудбалски фанови во светот ова ќе биде последна можност овие двајца легендарни фудбалери да се гледаат на исто натпреварување.

Фудбалската програма денеска започнува во 21.00 часот со мечот Мексико – Јужна Африка, додека во 04.00 часот во истата група ќе играат Јужна Кореа и Чешка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс