Во текот на ноќта, Русија ја нападна Украина со 216 беспилотни летала, соопштија украинските воздухопловни сили.
Украинската воздушна одбрана соборила или спречила 192 руски дронови, а напади биле регистрирани на 10 локации, додадоа тие. Украинските медиуми објавија дека Русите лансирале дронови од руските градови Брјанск, Шаталово, Курск, Милерово, Орјол и Приморско-Ахтарск, како и од окупираните делови од Донецката област и Крим.
Нападите се случија неколку часа по истекот на тридневното примирје што беше прогласено со посредство на САД по повод Денот на победата над нацистите на 9 мај.
Сепак, двете страни се обвинија меѓусебно за кршење на примирјето во текот на тие три дена.