Германија го победи Брегот на Слоновата Коска со 2:1 во второто коло од Светското првенство, во натпревар во кој африканската селекција прва дојде до водство преку голот на Франк Кеси. Сепак, селекторот на Германија Јулијан Нагелсман реагираше со клучни измени, а пресвртот го донесе влезот на напаѓачот Дениз Ундав од Штутгарт, кој постигна два гола, вклучувајќи и победнички погодок во судиското продолжение.
Натпреварот одигран во Торонто не помина без тензии покрај теренот. Селекторот набрегот на Слоновата Коска, Емерсе Фае, влезе во вербален конфликт со членови на германскиот стручен штаб, а имаше и размена на зборови со германскиот дефанзивец Натаниел Браун. Инцидентот беше снимен и објавен од новинарот Кери Хеј од Sky Sport.
По натпреварот, Фае ѝ честиташе на Германија за победата, но упати и критика кон противникот, истакнувајќи дека од „толку голема фудбалска нација“ очекува повеќе фер-плеј. Тој додаде дека недостатокот на искуство во клучните моменти бил еден од главните причини за поразот на неговата репрезентација.
Брегот на Слоновата Коска во последното коло од групната фаза ќе се обиде да освои бод против Курасао, кој би можел да ѝ донесе пласман понатаму. Ова е четврти настап на селекцијата на Светско првенство, но сè уште нема поминато групна фаза.
По натпреварот, германскиот селектор Јулијан Нагелсман одговори смирено и со доза иронија на прашањата за статусот на неговата репрезентација, нагласувајќи дека не треба да се зборува за „светска класа“ во овој момент. Тој потсети дека пред само неколку недели ситуацијата во тимот била нестабилна и истакна дека следниот чекор е победа против Еквадор и обезбедување пласман понатаму, додека сè останато не е во нивни раце.