По две одгирани кола, седум репрезентации обезбедија пласман во нокаут фазата на Мундијалот

Домаќините Мексико и САД, како и репрезентациите на Германија и Аргентина во следната фаза се квалификуваа како првопласирани во групата
epa13052820 Players of Germany greet their supporters as they celebrate winning the FIFA World Cup 2026 group stage match Germany against Ivory Coast, in Toronto, Canada, 20 June 2026. EPA/EDUARDO LIMA

Рано утрово завшри второто коло од групната фаза на Светското првенство.

Седум репрезентации победија и во двете кола и тоа им донесе математички пласман во следната фаза.

Домаќините Мексико и САД, како и репрезентациите на Германија и Аргентина во следната фаза се квалификуваа како првопласирани во групата.

Покрај нив, пласман во 1/16 финалето изборија и Франција, Норвешка и Колумбија, но нивниот конечен распоред на табелата ќе биде познат по одигрувањето на третото коло.

Инаку, на ова СП од 48 учесници во нокаут фазата ќе се пласираат вкупно 32 селекции, односно првите и вторите во групите како и најдобро рангираните осум репрезентации.

е-Трн да боцка во твојот инбокс