Жирафа по име Грејси, која пред две недели избегала од ранч во Тексас, била пронајдена по две недели на шест километри од местото каде што живеела.
Тригодишната жирафа, тешка околу 545 килограми, избегала од својата ограда во Cedar Hollow Ranch во Лики, Тексас, додека се хранела на карпест дел од теренот кој другите жирафи никогаш претходно не го посетувале, завршувајќи на погрешната страна од портата висока 2,5 метри. Управителот на ранчот, Вик Џонс, изјави дека Грејси веројатно воопшто немала намера да замине, туку откако се нашла надвор од оградата, едноставно продолжила да оди во истата насока наместо да се врати назад.
Потрагата стана локална сензација во руралниот округ Реал, со само околу 2.700 жители, каде граѓаните беа замолени да внимаваат, а Џонс понуди награда од 5.000 долари за информации.
Кога конечно Грејси беше забележана за време на пребарување од воздух, беше пронајдена во близина на езерце и поток, со доволно вегетација за храна, изгледајќи како да се сместила удобно во тој предел веќе околу една седмица.
„Во добра форма е”, изјави Џонс. „Стои таму, мавта со опашката.” Шерифот на округот Реал, Нејтан Џонсон, забележа дека неговата служба претходно имала пријави за исчезнати гнуа, водни биволи, зебри и мајмуни, бидејќи Тексас Хил Кантри е дом на една од најголемите концентрации на егзотични животни во заробеништво во САД, но ова му била прва исчезната жирафа.
Враќањето на 3-метарското животно дома бараше целосна операција: ветеринари ја смирија Грејси со седативи и ѝ ставија качулка преку очите пред да ја транспортираат прво со отворена приколка за пасишта, а потоа да ја префрлат во затворена приколка специјално изградена за жирафи за патувањето назад до Cedar Hollow Ranch. Џонс изјави дека сега планира да го огради делот од каде избегала.
Бегството на жирафата стана вистинска зензација на интернет, каде што огромен број корисници се шегуваа со ситуацијата и каде би можела таа да се крие.
turns out Gracie was just ready to pay tribute to the hot dog all along pic.twitter.com/jIVy9QHRgO
— Sugar Land Space Cowboys (@SLSpaceCowboys) June 27, 2026
We’ve added some serious size to our roster! Standing at 11 feet tall, out of San Antonio, Texas, introducing Gracie the Giraffe. 😂 https://t.co/SBa2B9f4BJ pic.twitter.com/AxjwknUkQn
— USAO Basketball (@USAOmbb) June 26, 2026