Стотици перуански бебиња се именувани по Ерлинг Халанд за време на Светското првенство

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд веќе беше меѓународна мега-ѕвезда, но Светското првенство брзо го крена до легендарен статус. Толку стана популарен, всушност, што според извештаите на Франс Прес, стотици перуански родители одлучиле дека најдобриот начин да го прослават Светското првенство е да ги именуваат своите новородени по него.
Фото: EPA/Jan Langhaug

Халанд постигна седум гола и ѝ помогна на Норвешка да стигне до нејзиниот прв пласман во четвртфинале во историјата на Светско првенство. Тој и остатокот од норвешкиот тим помогнаа во елиминирањето на Бразил, еден од доминантните гиганти на меѓународниот фудбал, со голови кои го зацврстија неговиот статус на еден од играчите кои станаа највпечатливи на турнирот.

Според Националниот регистар за идентификација и граѓанска состојба на Перу, 468 новорегистрирани Перуанци сега ќе го носат презимето Халанд како лично име, додека дополнителни 91 родители отишле уште подалеку, и на нивните деца им го дале целосното име Ерлинг Халанд.

Портпаролот на регистарот, Иван Торес, изјави за телевизијата Панамерикана дека различни фудбалски ѕвезди служат како инспирација за Перуанците да ги регистрираат своите деца со такви имиња, шеговито додавајќи: „Халанд е исто така Перуанец.“ Според Торес, поголемиот дел од регистрациите на бебиња именувани по Холанд дошле по почетокот на Светското првенство, а бројките постојано растеле паралелно со напредувањето на Норвешка низ турнирот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс