По затемнувањето, Персеидите го осветлија ноќното небо

Ако затемнувањето на Сонцето оваа година не беше видливо од земјава, метеорскиот дожд Персеиди во текот на ноќта беше глетка за уживање.
Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Августовското ѕвездено небо над Македонија понуди вистинска природна претстава за сите љубители на астрономијата и ноќната фотографија. По краткото делимично затемнување на Сонцето, метеорскиот дожд Персеиди го достигна својот максимум, создавајќи светлосни траги видливи и со голо око. Граѓаните можеа да уживаат во фасцинантни кадри од метеори што минуваат на ноќното небо.

Метеорскиот дожд Персеиди, кој секоја година се појавува во средината на август кога Земјата минува низ траекторијата на кометата Свифт-Татл, оваа година понуди одлични услови за набљудување.

Персеидите се познати по својата брзина и јачина. Честичките од прашина и карпи што ги остава кометата влегуваат во атмосферата на Земјата со брзина од околу 59 километри во секунда. Поради триењето со воздухот, тие согоруваат на височина од 80 до 100 километри, создавајќи светли траги на небото.

Во услови на идеална темнина, астрономите проценуваат дека може да се забележат и до 100 метеори на час. За разлика од претходните години кога полната Месечина го засенуваше овој феномен, оваа година нејзината фаза овозможи значително подобри услови за фотографирање и долготрајна експозиција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс