Група маскирани мажи се движи кон Ќациленд во Белград

Група мажи облечени во темна облека, повеќето со качулки, се движат кон Пионерскиот парк во Белград, каде што се наоѓа таканаречениот Ќациленд. Снимката е објавена во момент на зголемени политички тензии, непосредно пред затворањето на избирачките места во Србија.
шатори пред Народното собрание во Белград
Архивска фотографија

Група мажи облечени во темна облека, од кои повеќето носат качулки, вечерва се движела во правец на Пионерскиот парк во центарот на Белград, објави српскиот портал Nova.rs.

Информацијата е објавена во 19:49 часот, заедно со видеоснимка од движењето на групата.

Засега нема информации за идентитетот на мажите, нивната поврзаност со политички организации или причините поради кои се движат кон паркот.

Пионерскиот парк, каде што се наоѓа Ќациленд, во изминатиот период стана симбол на организираниот отпор кон студентското протестно движење.

Претходно денес Nova.rs објави дека во Ќациленд повторно се поставуваат шатори, додека во центарот на Белград е забележано засилено полициско присуство, вклучително и возила на Жандармеријата.


Настаните се случуваат непосредно пред затворањето на избирачките места на парламентарните избори во Србија, кои се одвиваат со исклучително висока излезност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс