Пентагон ја анализира иднината на своите воени бази на Блискиот Исток по серијата ирански напади врз американските објекти во Персискиот Залив. Воениот врв на САД разгледува можност да не ги обновува оштетените капацитети, што би можело да значи почеток на повлекување на американските трупи од регионот. Анализата ја води канцеларијата за политика на Пентагон, со учество на Здружениот штаб и Централната команда на САД (CENTCOM).
Големите американски бази во Персискиот Залив со месеци беа цел на непрестајни ирански удари, што нанесе сериозна материјална штета врз инфраструктурата. Овие разурнувања им дадоа повод на стратезите во Министерството за одбрана на САД да го преиспитаат своето присуство. Наместо автоматизирано инвестирање во нивна обнова, военото раководство ја користи ситуацијата за проценка дали тие позиции сѐ уште носат стратешка предност.
Анализата ја води канцелијарата за политика на Пентагон, а во неа активно учествуваат Здружениот штаб и Централната команда на САД. Извори запознаени со процесот наведуваат дека министерот за одбрана Пит Хегсет сѐ уште нема дадено формална наредба за конечно повлекување. Дожносниците го опишуваат овој процес како нормално планирање кое треба да му понуди опции на Вашингтон пред да започнат евентуалните градежни работи.
Евентуалното намалување на американските трупи ќе ги промени односите со заливските партнерски држави кои со децении се потпираат на безбедносниот чадор на Вашингтон. Секоја промена во структурата на базите ќе има директно влијание врз рамнотежата на силите во регионот, особено во односите со Иран и глобалните трговски патишта за нафта.