Двајца од најголемите и највлијателни артисти во историјата на електронската музика, Paul van Dyk и Paul Oakenfold, ќе настапат во Струмица на 16 август, во Градскиот парк.
Настанот е дел од манифестацијата „35 години независност на Македонија“, која започнува на 2 август, на Илинден, во Битола, а ќе заврши на 8 септември во Скопје.
Отворен настан со слободен влез
Концертот во Струмица ќе биде од отворен карактер и со слободен влез, што ќе им овозможи на посетителите од цела Македонија да бидат дел од вечер посветена на електронската музика.
Paul van Dyk и Paul Oakenfold ќе настапат заедно на една сцена, во една вечер, како дел од програмата за одбележување на 35 години независност.
Двајца великани на светската електронска сцена
Paul van Dyk важи за еден од најуспешните и најпочитувани диџеи и продуценти на сите времиња. Тој е пионер на транс жанрот, добитник на бројни меѓународни признанија и артист кој повеќе од три децении е меѓу најзначајните имиња на светската електронска музичка сцена.
Paul Oakenfold е еден од пионерите на транс музиката и е заслужен за нејзината глобална популаризација. Во својата кариера има соработувано со големи светски имиња како Madonna, U2, The Rolling Stones, Michael Jackson, The Cure и многу други.
Струмица домаќин на голема музичка вечер
Настанот ќе се одржи на 16 август во Градскиот парк во Струмица, а организаторите најавуваат вечер за сите љубители на електронската музика.