Парното во Скопје поскапува од следниот месец

Пресметките на РКЕ покажуваат дека за просечен стан со површина од 60 квадратни метри, месечната сметка ќе биде повисока за околу 140 денари
Фото: Freepik

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска донесе одлука за новите цени за сите корисници на централно греење во главниот град.

Новиот ценовник официјално стапува на сила од 1 август, пред официјалниот старт на грејната сезона.

Најголемото зголемување ги засега домаќинствата приклучени на системот на „ЕСМ Снабдување“, каде што цената на топлинската енергија се зголемува за 5,96 проценти.

Покачување ќе има и за корисниците на „ЕСМ Енергетика“ односно т.н. железарско парно каде зголемувањето изнесува 5,18 проценти, додека за корисниците на „Скопје Север“ (ЕнергоЕколог) цената оди нагоре за 3,65 проценти. Пресметките на РКЕ покажуваат дека за просечен стан со површина од 60 квадратни метри, месечната сметка ќе биде повисока за околу 140 денари.

Од Регулаторната комисија уверуваат дека ценовното ниво во земјава останува поволно во споредба со соседните држави.

е-Трн да боцка во твојот инбокс