Search

Парни ваљак со новиот пејач ја воодушеви Љубљана: „Какво заедничко шоу направивме“

По Задар и Риека, Парна ваљак синоќа одржа концерт во Љубљана со новиот пејач Игор Дрвенкар.

Во преполниот Цветличен во Љубљана, Парни ваљак во нов состав изведе некои од своите најголеми хитови, како и новата песна „Моја глава, мои правила“.

„Какво заедничко шоу направивме! Колку добри и позитивни емоции, прекрасна енергија! Голема благодарност до сите”, изјави бендот по настапот.

Нова песна со Игор
За потсетување, Парни ваљак неодамна, по неколку месечни шпекулации, на публиката и се претстави со нов пејач и нова песна „Моја глава, мои правила“. Музиката и текстот се напишани од Хусеин Хасанефендиќ Хус, авторот на безвременските хитови на Парни ваљак.

„Ви благодариме за вашата неверојатна поддршка за нашето ново поглавје. Вие сте наша потврда дека работиме на добар начин и тоа е секогаш најважно за нас“, напиша Парни ваљак на социјалните мрежи, заблагодарувајќи им се на обожавателите.

Инаку Игор Дрвенкар, новиот пејач на Парни ваљак, е добро познат на публиката. Во својата професионална биографија има запишано повеќе бендови, како и неколку настапи во различни мјузикли, меѓу кои и Jesus Christ Superstar, Uskrsli и Ljepotica i Zvijer. За наеговото влегување во Парни ваљак долго се шпекулираше, а на крајот таквите информации ги потврди и самиот бенд. Доказ за успешната соработка се и неколкуте концерти кои се распродадоа во рекордно време, како и создавањето нова песна која публиката веќе ја пее на концертите.

Најново

Последни колумни