Изминатата ноќ донесе четири натпревари на Светското првенство, по кои беше комплетиран расплетот во групите Ф и Д. Познати се нови репрезентации што обезбедија пласман во нокаут-фазата, а Хрватска доби лоши вести во борбата за место меѓу најдобрите третопласирани селекции.
Група Ф
Тунис – Холандија 1:3
Стрелци:
- Мастури (54′) за Тунис
- Автогол на Схири (3′), Броби (7′) и Ван Хеке (62′) за Холандија
Јапонија – Шведска 1:1
Стрелци:
- Маеда (56′) за Јапонија
- Еланга (62′) за Шведска
Со победата над Тунис, Холандија ја освои првата позиција во групата со седум бодови и во шеснаесетфиналето ќе се соочи со Мароко. Јапонија заврши втора и ја очекува дуел против Бразил, додека Шведска обезбеди место во нокаут-фазата како една од најдобрите третопласирани репрезентации. Нејзиниот противник ќе биде познат по завршувањето на преостанатите групи.
Група Д
Турција – САД 2:2
Стрелци:
- Ѓулер (10′) и Кокчу (31′) за Турција
- Трасти (3′) и Берхалтер (49′) за САД
Парагвај – Австралија 0:0
Соединетите Американски Држави уште претходно го обезбедија првото место во групата, додека Турција веќе беше елиминирана, па нивниот меѓусебен дуел немаше резултатско значење.
Во вториот натпревар Австралија со ремито против Парагвај го задржа второто место и обезбеди директен пласман во нокаут-фазата.
Хрватска падна во поредокот
Иако не успеа да победи, Парагвај со освоениот бод ја престигна Хрватска во рангирањето на третопласираните селекции, што дополнително ги намали шансите на хрватската репрезентација за пласман во следната рунда.
Во шеснаесетфиналето:
- САД ќе играат против Босна и Херцеговина.
- Австралија ќе го чека второпласираниот тим од групата Г.
Преостанатите натпревари од групната фаза ќе го дадат конечниот изглед на табелата на третопласираните репрезентации и ќе ги комплетираат сите двојки за нокаут-фазата на Светското првенство.