Говорејќи во седиштето на УНЕСКО, папата го опиша војувањето како „најлошото дело на човечкото суштество“ и предупреди дека е особено трагично кога научните достигнувања се користат за нехумани цели.
Тој порача дека технологијата треба да го штити човечкото достоинство, а не да стане „инструмент на доминација и неправда“.
Лав XIV истовремено ги повика светските лидери да ја почитуваат владеењето на правото, обвинувајќи ги оние што се на власт дека понекогаш се повикуваат на законите само кога тоа им одговара.
Папата, кој започна четиридневна посета на Франција, предупреди и на ризиците од генетските манипулации, сурогатството, трговијата со човечки органи и неконтролираниот развој на вештачката интелигенција.
Според него, знаењето и технолошките способности треба да се користат за создавање општества во кои сите народи ќе можат да живеат и да се развиваат во мир.