И покрај огромниот интерес за историскиот натпревар меѓу Соединетите Американски Држави и Босна и Херцеговина во шеснаесетфиналето на Светско првенство во фудбал 2026, цените на билетите на секундарниот пазар драстично се намалија.
Натпреварот ќе се игра на Levi’s Stadium, а за Босна и Херцеговина претставува најважниот меч во историјата на националниот тим. „Змејовите“ за првпат стигнаа до нокаут-фазата на едно Светско првенство, а евентуална победа над домаќинот би значела нов историски успех.
Билетите поевтинија за стотици долари
Според податоците од платформата за препродажба на билети SeatGeek, најевтиниот билет на 26 јуни чинел 1.959 долари, додека само три дена подоцна неговата цена паднала на 1.479 долари. Тоа значи дека навивачите кои чекале до последен момент можеле да заштедат околу 480 долари.
Падот на цените не ги зафати само местата на највисоките трибини, туку и најатрактивните позиции блиску до теренот.
- На ниво 400 цената паднала од 1.959 на 1.479 долари.
- На ниво 300 од 2.369 на 1.517 долари.
- На ниво 200 од 2.814 на 1.677 долари.
- Најголем пад има на ниво 100, најблиску до теренот, каде билетите од 3.117 долари паднале на 1.780 долари.
Историска можност за БиХ
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина, предводена од Един Џеко, веќе го оствари најголемиот успех во својата историја со пласманот во елиминациската фаза на Мундијалот. Интересот за натпреварот останува огромен, особено поради бројната босанско-херцеговска дијаспора во САД, а организаторите очекуваат трибините на Levi’s Stadium да бидат исполнети до последното место.