Остров Питкерн: Само 50 жители и необично потекло од бунтовниците на „Баунти“

Питкерн е едно од најизолираните населени острови во светот. На него живеат околу 50 жители, од кои повеќето се потомци на бунтовниците од бродот „Баунти“.

Во бескрајниот јужен Пацифик се наоѓа Питкерн – едно од најизолираните населени острови во светот. На него денес живеат околу 50 жители, а поголемиот дел од нив имаат заедничко потекло кое води до познатата побуна на британскиот брод „Баунти“ во 1789 година.

По бунтот против капетанот, дел од морнарите побегнале во потрага по место каде никој нема да ги пронајде. Тие пристигнале на тогаш ненаселениот Питкерн заедно со неколку Полинезијци, а за да ги сокријат трагите, го запалиле бродот. Со години живееле целосно отсечени од остатокот од светот, сè додека островот случајно не бил откриен од друг брод.

Денешните жители главно се нивни потомци, поради што на островот се повторуваат мал број презимиња, а многумина се и роднински поврзани. Освен англиски, тие зборуваат и локален јазик – мешавина од англиски и полинезиски, создадена од првите доселеници.

Животот на Питкерн и денес е исклучително изолиран. До островот нема аеродром, а пристапот е возможен само по море, при што бродови со намирници и пошта пристигнуваат неколку пати годишно.

Иако властите во минатото нудеа бесплатно земјиште за нови доселеници, интересот беше мал. Младите најчесто заминуваат на образование или работа во странство и ретко се враќаат, па бројот на жители постојано се намалува.

Питкерн останува едно од ретките места во светот каде мала заедница сè уште ги споделува истото историско потекло, јазик и семејни корени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс