Нов инцидент се случи денеска во косовскиот парламент, на која треба да се избере спикер,
Претседателот на Движењето Самоопределување и вршител на должноста премиер Албин Курти беше гаѓан со јајца
Инцидентот се случи откако Курти повторно побара дополнително време за консултации, па пратеничката на Алијансата Тимеа Кадријај фрли јајца кон него.
Ова доведе до прекин на седницата и влегување на телохранителите на Курти во салата.
Претседателот Авни Дехари најави дека пратениците ќе бидат информирани подоцна кога ќе продолжи седницата.
На почетокот на конститутивната седница, кога се очекуваше да предложи кандидат за претседател на собранието, Курти, како и во четвртокот, побара дополнително време.
Deputetja e AAK-së hedh vezë në drejtim të Kurtit gjatë seancës së Kuvendit
— Anadolu Shqip (@aa_albanian) August 8, 2026
🇽🇰 Deputetja e Aleancës për Ardhmërinë e Kosovës, Time Kadrijaj, hodhi vezë në drejtim të kryeministrit në detyrë, Albin Kurti, para mbylljes së seancës, pas çka ndërhyri edhe sigurimi i Kuvendit.
🏛️… pic.twitter.com/5ElfsG0YNK
„Сè уште немаме политички договор, па за да избегнеме нови избори, барам дополнително време“, рече тој.
Конститутивната седница на косовското Собрание беше прекината и во четвртокот бидејќи Курти побара дополнително време за разговори со опозицијата за избор на нов спикер.
Рокот за конституирање на собранието истече на полноќ, бидејќи според одлуката на Уставниот суд, конституирањето на Собранието мора да се заврши во рок од 30 дена од потврдувањето на резултатите од изборите.