Седум клучни членки на сојузот ОПЕК+ денес би можеле да одобрат зголемување на производството на нафта за јули од 188.000 барели дневно во однос на јуни, пренесува Ројтерс повикувајќи се на извори запознаени со тековните разговори.
Според информациите, предложеното зголемување е исто како и она што беше применето за јуни, додека е нешто пониско од зголемувањата во април и мај. Ова, како што се наведува, делумно се должи на промените во производствениот статус на Обединетите Арапски Емирати во рамките на системот на квоти во ОПЕК+. Изворите наведуваат дека седумте земји најверојатно ќе се согласат за новото зголемување, но конечната одлука сè уште не е официјално потврдена и се очекува по денешниот состанок.